ВИДЕО: СДСМ ја копира стратегијата на ВМРО-ДПМНЕ

 

Препишување идеи за свои и копирање на концепти и програми се чини е единственото што СДСМ има да им го понуди на граѓани, пишува Курир.

Безидејноста на опозициската партија уште еднаш излезе на виделина пред јавноста, па СДСМ повторно покажа дека наместо своја со програма потребите и проблемите на граѓаните ќе ги решава со копирање на концептот на работа на ВМРО-ДПМНЕ. 

Принципот на работа на СДСМ кој се базира на бледо копирање на начинот на работа на ВМРО-ДПМНЕ е видлив и во говорот на Заев при претставувањето на т.н програма.

Со исти зборови и вокабулар, со копирање на начинот на работа кој е препознатлив и веќе реализиран од ВМРО-ДПМНЕ, Заев и СДСМ повторно го копираат ВМРО-ДПМНЕ.

Сега СДСМ, по примерот на ВМРО-ДПМНЕ спроведен пред три години, отвора пунктови за идеите на граѓаните, бидејќи како што сега вели Зоран Заев сакаат да ги вкрстат визиите со граѓаните. ВМРО-ДПМНЕ веќе неколку години наназад ги слуша конкретните идеи и предлози на граѓаните за одредени проблеми.

Димовски 2012:  Како што и сами можевте да видите, огромен е бројот на граѓани кои доаѓаат и даваат многу конкретни, практични и рационални идеи поврзани со проблемите кои ги имаат во нивниот секојдневен живот.

Заев 2015: Знаеме дека секој има своја визија, затоа го отвораме процесот на усогласување со граѓаните. Сакаме да ги вркстиме визиите.

Димовски 2012: Оваа акција се спроведува во триесетина градови во Република Македонија, а во Скопје истата акција се спроведува на 5-6 различни пунктови.

Заев 2015: Првиот пункт е поставен пред седиштето на СДСМ, ќе бидат отворени и други на многу други места.

Димовски: Секако партиите се тука да понудат они што мислат, меѓутоа граѓаните секогаш треба да ја имаат предноста во утврдување на приоритетите на политичките партии.

Заев 2015: Секое мислење е важно, секој придонес е драгоцен. Сакаме да слушнеме квалитетна расправа, предлози, критики, сугестии.

 

 

Оцени ја веста

08.10.2015 - 17:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега