Дневник: 5 компании продавале гориво со помалку октани од декларираното

Какво гориво се продава на македонскиот пазар? Во стотина контолри извршени на безниснките минатата година, кај вкупно 14 фирми увознички, пазарните инспектори откриле дека пет компании продавале гориво со помалку октани, пишува Дневник.

Пазарните инспектори не откриваат кои се фирмите кои лани во земјава продавале гориво со послаб квалитет од кое автомобилите трокираат. Но, на јавноста познат и е случајот од 2012 година кога царината утврди дека ОКТА увезувала бензини со помалку октани од декларираното.

Имено, во текот на јули и август 2012 година, рафинеријата од Грција увоз на 76 тони горивио кое го декларирала како безоловен моторен бензин од 95 октани, а контролата утврдила дека треба горивото е со помал октански број, односно дел од него било со 94, а дел со 94,3 октани. По ова поведен е судски спор против рафинеријата.

ОКТА увезува гориво од Грција, од фирмата мајка Хеленик петролеум. Има најголем удел на македонскиот пазар или 60,32% од вкупните колични се увезени од скопската рафиниерија. Втор на пазарот е руски ЛУКОИЛ кој увезува сопствено гориво и учествува со 11,73%, а трет е Супертрејд од Скопје кој е екслузивен увозник на горивата на Шел и има удел од 9,81% на македонскиот пазар.

Квалитетот на горивата во земјава се проверува во две акредитирани лаборатории кои се сопственост на  ОКТА и МАКПЕТРОЛ, а осигурителните компании не исплаќаат оштета за автомобили кои се расипале заради лошо гориво.

 

 

Оцени ја веста

25.08.2015 - 19:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега