Нова трагедија ја потресе Македонија: Прилепчанец се фрли од болница
Трагедија ги потресе жителите на Прилеп. 62- годишниот С.В од Прилеп поради повреди на вратот вчера побарал и бил примен на лекарски третман во хирушкото одделение. При интервенција на медицинскиот персонал за санирање на повредите на вратот, Вељаноски од засега непознати причини станал од хирушкиот стол и преку прозорец се фрлил од вториот кат на болницата, објави Канал 5.
На прилепчанецот му била веднаш укажана лекарска помош, но по еден час тој им подлегнал на повредите.
Кои се мотивите за 62-годишниот прилепчанец да се фрли надлежните органи истражуваат.
Оцени ја веста
24.08.2015 - 10:42
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа