ФОТО: Ова се убиените мајка и син во Козле
Сеуште трае истрагата за двојното убиство во Козле кое ја потресе Македонија.
„Јави ми се итно на другиот телефон“- вака гласела псоледната СМС порака која стасала на телефонот на Ѓулчин Ерчобан која беше убиена заедно со својот син, 29 годишниот Самет Селџук, кој во моментот додека таа спиела, се облекувал, па така и го застрелале. Двајцата биле убиени од исто оружје па истрагата води кон тоа дека се работи за само еден извршител.
Откако убиецот ги убил мајката и синот, им ставил бело брашно на телата, но не се знае што сакал да каже со тоа.
Полицијата според неофицијалните информации верува дека се работи за професионалец. Начинот на кој е извршено делото упатува на тоа дека вешто ги криел трагите, а најверојатно и добро го познавал просторот и околностите.
Извор: Курир
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа