Ограничена пловидба на скутери и чамци по природните езера во Македонија

Од денеска почнува ограничувањето за пловидба на скутери и чамци по водите на природните езера во Македонија. Забраната за движење е до 31 август, во периодот од 11 до 19 часот низ Охридското, Преспанското и Дојранското Езеро. Чамците пак, не смеат да пловат по езерските води од 21 до 05 часот.

Првиот човек на Капетанијата Горан Устијаноски најави промени околу движењето на пловните објекти, но за тоа конкретно откако ќе заврши обележувањето.

- По обележувањето ќе следат промени во режимот на пловидба, но конкретно ќе се знае кога ќе заврши обележувањето, изјави Устијаноски за МИА.

Ограничувањата за пловидба на скутерите, според него, се за безбедност на капачите и на учесниците во пловидбата. За непочитување на одлуката предвидена е глоба од 800 евра, но Устијаноски нагласи дека најпрво ќе постапуваат едукативно и превентивно со советување.

- Постојат прекршоци за кои веднаш можеме да издадеме забрана, веднаш да сакнционираме, но постојат некои недостатоци каде можеме да посоветуваме, да дадеме рок до кога може да се средат отстранат недостатоците. Доколку тој рок не се испочитува тогаш стапува на сила забрана за пловидба, но ако се продолжи со пловење и понатаму се изрекува и глоба, појасни Устијаноски.

Заради безбедносни причини, ноќе ќе биде забрането пловењето на чамците по езерските води.

 

 

Оцени ја веста

01.07.2015 - 10:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега