Седници на три собраниски седници
Во Собранието на Република Македонија денеска седници ќе одржат комисиите за земјоделство, шумарство и водостопанство, за здравство и за транспорт, врски и екологија.
Комисијата за земјоделство, шумарство и водостопанство ќе го разгледа Предлог - закон за изменување и дополнување на Законот за квалитетот на земјоделските производи, во второ читање.
На дневен ред на Комисијата за здравство се Предлог - законот за изменување и дополнување на Законот за земање и пресадување на делови од човечкото тело заради лекување, во прво читање и Предлог-законот за изменување и дополнување на Законот за хемикалии, во второ читање.
Комисијата за транспорт, врски и екологија ќе ги разгледува измените и дополнувањата на Законот за превоз на опасни материи во патниот и железничкиот сообраќај и на Законот за јавните патишта, во второ читање, и измените и дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, во прво читање.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа