Не чека пеколен ден
Времето во Македонија ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб ветер од променлив правец.
Утринската температура ќе се движи од седум до 14, а дневната од 25 до 33 степени.
Во Скопје ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 30 степени.
Во среда ќе се задржи претежно сончево и уште потопло време со дневна температура во интервал од 25 до 33 степени.
Во четврток времето ќе биде променливо облачно и нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Дневната температура ќе биде во опаѓање.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа