ФОТО: По Малино специјалците го тресеа и Брест - голема акција на МВР по инцидентот во Гошинце
Голема полициска акција во текот на целиот вчерашен ден се одвиваше во реонот околу селата Малино и Брест, на самата граница со Косово. Како што дознава Press24 од полициски извори, по акцијата во Малино, полицијата се префрлила во Брест каде што исто така се вршеле претреси. Според првичните информации пронајдена е поголема количина оружје. Станува збор за автоматски пушки, митралези, снајпери, пиштоли и муниција. Покрај ова, најдени се и радиостаници како и униформа со знаци на УЧК.
Од МВР денеска потврдија дека спроведуваат голема акција но не откриваат повеќе детали.
Оцени ја веста
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа