Ќерка на пратеничка пронајдена мртва во хотелска соба

Ивана Бакиќ Бодрожиќ (31) е пронајдена мртва во една од собите во елитниот хотел „Хајат" на Нов Белград. Кога лекарите стигнале во собата, само ја констатирале нејзината смрт.      Телото на несреќната девојка го пронашла една од вработените собарки, која веднаш повикала полиција и Брза помош. Но кога стигнале лекарите во нејзианта собата девојката веќе била мртва.  -Се претпоставува дека починала од предозирање со дрога. Телото е испратено на обдукција по што од токсиколошката анализа ќе се знае кој наркотик го зела и во колкаво количество – велат извори од полицијата.  Инаку мајка на несреќната девојка е пратеничката Нада Бодрожиќ, пратеник во покраинскиот парламент, позната по тоа што од Нова Србја која била на листата на Српската напредна странка преминала во Демократската странка и според тврдењата на поранешните колеги, така му овозможила опстанок на власт на Бојан Пајтич.  Според тврдењата на медиумите, нејзината ќерка живеела во Австрија и Германија, но често доаѓала во Белград, каде важела за припадник на џет сетот. http://ow.ly/FQxCF

 

 

Оцени ја веста

13.12.2014 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега