Од турскиот рудник во Ерменек извадени телата на уште шест рудари

 

Спасувачките екипи од јамата на рудникот за јаглен во турскиот град Ерменек извадија тела на уште шестмина рудари, кои заедно со свои 18 колеги на 28 октомври останаа блокирани на 300 метри под земјата.

Претходно, спасувачките екипи од рудникот извлекоа уште четири тела на починати рудари - двајца на 6 ноември и двајца во неделата.

Операцијата за потрагата по преостанатите рудари продолжува, иако властите потенцираат дека нема речиси никакви шанси некој од нив да е жив.

Весникот „Хуриет“ наведува дека следниве денови ќе биде извршена ДНК анализа на извлечените тела, со цел да се утврди нивниот идентитет. За потребите на анализата земени се примроци од 24 роднини на затрупаните рудари.

Во врсака со инцидентот во рудникот, полицијата досега уапси осум лица под обвинение за „предизвикување смрт на едно или повеќе лица“, од кои на петмина им е изречена мерка притвор, а останатите тројца се пуштени да се бранат од слобода до завршувањето на судскиот процес.

18.11.2014 - 09:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега