Умерен земјотрес ја погоди Грција
Земјотрес со интензитет од 5,4 степени според Рихтерова скала ја погоди синоќа Грција, соопшти американскиот Геолошки институт.
Засега нема информации за евентуални жртви и причинета материјална штета.
Епицентарот на потресот се наоѓал југозападно од Прокопион, на околу 120 километри северно од Атина. Земјотресот, исто така, бил почувствуван и во главниот град на Грција.
18.11.2014 - 08:56
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа