Син на пратеничка ќе одговара за четирикратно убиство

 

 

Константин Џувани е главниот осомничен за четирикратното убиство пред тиранскиот ноќен клуб  „Анте гранд".

Во обвинението, потпишано од обвинителите Ерион Пано и Енклит Ѓини, стои дека тој се товари за „убиство со умисла на две или повеќе лица" и за „поседување оружје без дозвола". Џувани во затворот во Фуш Круја, каде што е во притвор, бил запознаен со обвинителниот акт, при што тој не се противел, но одбил да зборува.

26-гпдишниот Џувани на 4-ти овој месец усмрти тројца албански и еден италијански државјанин. Еден од албанските државјани, Арбр Демирај (19), е син на поранешен обвинител, а бил застрелан при обид да го смири Џувани, додека Италијанецот Џанпаоло Азоло бил убиен од заталкан куршум. Со останатите двајца, Енеј Џаи и Едисон Јахо, Џувани се скарал за доза кокаин, кој му била потребна, а во мигот немал пари да ја плати.

Тој е син на  екссоцијалистичката пратеничка Луиза Џувани

17.11.2014 - 10:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега