Извозот зголемен - намален трговскиот дефицит во Македонија
Според Државниот Завод за статистика, Македонија во првите четири месеци од oваа година остварила извоз во вкупна вредност 1,3 милијарди долари, што е за близу 85 милиони долари повеќе во однос на периодот јануари-април минатата година. Увозот, пак, достигнал 2,096 милијарди долари, кој во однос на минатата година е незначително зголемен. Ваквиот тренд придонесе и за осетно подобрување на покриеноста на увозот со извоз која годинава изнесува 62,5 отсто, наспроти минатогодишните 58,8 отсто.
Од јануари до април годинава, Република Македонија во надворешно-трговската размена остварила трговски дефицит од 786,6 милиони американски долари, што е зголемемување за над 73 милиони долари во споредба со истиот период минатата година. Ова најмногу се должи на зголемениот извоз во првите четири месеци од 2013 година.
Вкупниот обем на трговската размена на Македонија со светот, од јануари до април изнесувал 3,4 милијарди долари. Тоа е за речиси 100 милиони долари повеќе во однос на првите четири месеци во 2012 година.
Трговската размена по производи покажува дека во извозот најмногу учествуваат катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, фероникелот, производите од железо и челик, облеката и преработките од нафта.
Во увозот, пак,најзастапени се суровата нафта, платината и легурите на платина, необработени или во прав, рудите на никел и нивните концентрати и електричната енергија.
Сшпред податоците на ДЗС, Македонија најмногу тргува со Германија, Велика Британија, Грција, Србија и Италија.