Сите овие денови се крев по околните ниви и шуми- исчезнатиот Александар се врати дома
21- годишниот Александар Јовановиќ од Костолац кој на 13. август исчезна, во понеделникот се вратил кај својте најблиски.
Неговата мајка Ѕвездана раскажува дека Александар кога се појавил пред вратата од нивниот стан ги израдувал и неа и неговата постара сестра.
- Тој сите овие денови се крел по околните ниви и шуми и се хранел со овошје и зеленчук од овоштарниците. Во вторникот даде изјава на полицијата и им објаснил каде точно се креил овие 26 дена. Но сепак најважно е дека се врати дома жив и здрав и среќна сум што повтроно е со нас, раскажува пресреќната мајка Ѕвезаана.
Но исто така мајката додава дека Александар нема да се врати на лекување во душевната болница кој пред да исчезне престојувал некое време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа