Владата бара директор на Агенцијата за катастар

 

Се бара директор на Агенцијата за катастар-Скопје. За оваа позиција рокот за доставување на пријавите е 15.06.2013.

Местото е испразнето откако досегашниот директор Диме Спасов беше назначен на функцијата министер за труд и социјална политика.

Владата распиша јавен оглас за ангажирање на над 80 лица на високи државни раководни позиции и функции.

На овој начин Владата продолжува да ја спроведува политиката на отворени врати преку ангажирање на најспособните без разлика на нивната национална, верска и политичка припадност.

Владата апелира до сите лица кои ги поседуваат потребните вештини и квалификации, како и оние кои се чувствуваат подготвени да одговорат на овие позиции да аплицираат за да можат да бидат ангажирани.

Заинтересираните кандидати  треба да поднесат лична биографија, мотивационо писмо, како и сите добиени сертификати и уверенија. По добивање на апликациите специјализирани стручни тимови ќе направат проверка и интервјуа, а најсоодветните кандидати ќе бидат избрани

најчитано сега