Николовски: Започна постапката за активна регистрација и ажурирање на членството во СДСМ

Од денеска па се до 25. февруари ќе трае постапката за активна регистрација и ажурирање на членството во СДСМ, рече генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

„Сакам да се обратам до нашите членови, но, и до граѓаните на овој начин. Затоа што СДСМ постојано се менува, се унапредува, демократизира, модернизира. Се подобрувме за подобро да ви служиме на Вам, граѓаните. Ажурирањето на членството и активната регистрација се составен дел на новиот исчекор кон поголема внатрепартиска демократија.

Како што веќе најавивме, оваа година претседател на СДСМ ќе бираат членовите, на непосредни внатрепартиски избори. Тоа за прв пат се случува во нашата татковина и тоа го прави СДСМ, на што сме особено горди.Се надевам овој чекор на СДСМ ќе инспирира и други партии во земјава да не следат, да се реформираат и реорганизираат. Тоа е здраво за државата. Колку поголема демократија толку подобро. Повеќе праведност, правичност, посилен напредок.Постапката во СДСМ започнува денеска од најмалите организациони единици на партијата, месните одбори. Тимови од месните одбори ќе го посетат секој наш член, ќе разговараат ширум татковината, секако почитувајќи ги мерките за заштита од коронавирусот.“ рече Николовски.

Тој потенцираше дека понатаму постапката продолжува во комисиите на општинските организации па се до највисоките партиски органи и до Централниот одбор. Целосно транспарентно и одговорно.

„Активната регистрација, ќе може да се реализира и преку самостојно онлајн пријавување, во електронска форма. Информациите и клучните чекори за овој процес се достапни на интернет страницата на СДСМ и на официјалните канали на социјалните мрежи.Ги повикувам членовите да се информираат и оваа постапка да ја направиме заедно, темелно, одговорно, како што знае СДСМ. Ваквиот, современ, транспарентен процес ќе го заокружиме со издавање на нови, модерни електронски членски картички, перонализирани за секој член на партијата. Досегашните хартиени ќе ги замениме со нови, дигитални. Социјалдемократскиот сојуз на Македонија победува, но постојано се менува! Со нова енергија, подготвени сме за сите предизвици пред нас, на нашиот народ и на нашата македонска татковина да и понудиме нови успеси!“ рече Николовски.

 

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 17:19

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега