Николовски ги соопшти резултатите од тестот за коронавирус

Заменик-претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски ја информираше јавноста дека се тестирал за присуство на коронавирусот, откако доцна синоќа министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со кој заедно во неделата присуствуваа на конгресот на СДСМ, соопшти дека е позитивен на вирусот.

„За време на сите мои активности, максимално и одговорно ги почитувам мерките за заштита на здравјето.

Но, поради природата на мојата работа се тестирав за Ковид 19 и тестот е негативен.

Да се чуваме и да ги чуваме сите околу нас. Да ги почитуваме мерките и да дадеме придонес во  борбата против коронавирусот“, напиша на Фејсбук Николовски.

Во тек е епидемиолошка анкета за контактите кои министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски ги имал деновиве. По ова ќе се знае точно кој ќе добие решение за домашна изолација. Доколку здравствените, стручни институции утврдат дека некој претставник на СДСМ треба да биде во изолација,  јавноста ќе биде информирана за тоа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега