Николоски: Луј Волина осуден во Шпанија за трговија со дрога, добил македонски пасош од МВР на Спасовски

Потпретседателот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на социјалната мрежа Фејсбук открива дека Луј Волина, осуден во Шпанија за трговија со дрога, добил македонски пасош од Министерството за внатрешни работи (МВР).

„Луј Волина, македонски државјанин со ‘традиционално‘ македонско име веројатно крстен на дедо му е осуден во Шпанија во 2020 година поради трговија со дрога. Нема нарко-бос на кој не му дале македонски пасош. Оставки и одговорност!“, напиша Николоски на Фејсбук.

ВМРО-ДПМНЕ пред неколку дена ја обелодени аферата „Мафија“, а досега изнесе докази за неколку нарко-босови од Балканот кои поседуваат македонски пасоши со украдени идентитети.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 14:27

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега