Ни доаѓа зима, облечете се топло- на повисоките места денес и снег

Времето утрово е студено и ветровито, а преку ден ќе биде облачно со засилен северен ветер најизразен долж Повардарието и на поголемите височини. Во западните делови и на север на планините ќе има услови за појава на краткотраен снег, а некаде во долините е можен слаб дожд, информира Управата за хидрометеоролошки работи.

Минималната температура ќе се движи од минус 5 до 3, а максималната од 4 до 11 степени.

Во Скопје слично време. Во некои повисоки делови од регионот ќе провејува слаб снег. Минималната температура ќе се спушти до 0, а максималната ќе достигне 6 степени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.11.2020 - 09:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега