Невремето стигна и во Хрватска: На некои места наврнало и до 30 литри дожд (ВИДЕО)
Европскиот систем за предупредување за невреме ЕСТОФЕКС денес издаде предупредување од втор и прв степен за делови од Хрватска.
Дел од Западен Балкан ќе биде под влијание на силен дожд и град, а можни се торнада и силен ветер.
Невреме ќе се формираат од северот на Хрватска сè до југот на Словачка.
ИстраМет известува дека во Каштела веќе паѓал силен дожд и дувало силен ветер.
Промената на времето веќе започна во делови на Хрватска. Во Шибеник паднаа околу 30 литри дожд, потоци течеа низ улиците, а на некои места паѓало и град.
25.09.2020 - 19:50
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа