Невремето ја зеде првата жртва во БиХ: Почина работник кој поправал штета

 

 

Работник во Босна и Херцеговина загина при поправка на дефекти на електрични водови на територијата на Прњавор.

Веста за трагедијата на својот Фејсбук профил ја објави градоначалникот на Прњавор, Дарко Томаш, кој упати сочувство до семејството на повредениот работник.

Оштетувањето на далноводите е предизвикано од силно невреме, а екипите за електрична енергија со денови се на терен и се обидуваат да ги отстранат дефектите.

Инаку, БиХ денеска ја очекува ново невреме, а Федералниот хидрометеоролошки завод издаде портокалово предупредување, а во поголемиот дел од земјата се најавени пообилни локални врнежи пропратени со грмежи и силни налети на ветер.

26.07.2023 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега