Неверојатна реакција на полицаец: Спаси човек од сигурна смрт за дел од секунда (ВИДЕО)

Министерот за железници на Индија, Пијус Гојал, сподели видео со своите следбеници на Твитер, кое стана вирално за кратко време.

На видеото се гледа како полицаец спасува живот на постар сограѓанин кој веќе паѓал под воз со феноменална реакција.

„На станицата во Мадхупур во Раџастан, еден постар сограѓанин за малку ќе загинеше пред железничка несреќа. „Горди сме што имаме такви полицајци и службеници за спроведување на законот кои се во можност да одговорат на предизвиците на овој начин“, напиша Гојал.

Во Индија, несреќи од овој тип се вообичаени бидејќи луѓето најчесто користат возови како превозно средство за работа.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.04.2021 - 16:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега