Нема одлука за дневниот престој во училиштата, се чека бројот на деца кои ќе следат настава со физичко присуство

Комисијата за заразни болести утринава одржа состанок на кој се разгледуваше можноста за воведување на дневен престој во училиштата, но според зборовите на директорот на Здравствен дом Скопје и член на Комисијата, Виктор Исјановски, одлука се уште не е донесена.

-Не се донесе одлука, ќе се чека бројката на деца чии родители одбрале настава со физичко присуство затоа што треба да се направат добри препораки – вели Исјановски.

Тој додава дека ова е многу комплексна одлука, односно дека, доколку се отвори дневниот престој ќе треба да се направат специјални протоколи, па посочи дека засега се чека официјалната бројка на деца од МОН, по што ќе следуваат нови состаноци на Комисијата за заразни болести.

Можеби оние што се пријавиле он лајн доколку се отвори дневен престој, ќе се премислат и ќе сакаат да ги пуштат децата со физичко присуство. Има многу фактори, нема да избрзуваме, но сега се чека конкретно бројка од МОН – заклучи Исјановски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 12:55

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега