Нема крај: Цените на бензините и натаму ќе растат - ќе плаќаме ли над 100 денари за литар?
Цената на барел нафта на лондонската берза повторно се зголеми и сега изнесува 111 долари, додека вчера истата чинеше 106 долари.
Расте цената и на американскиот пазар и таму барел нафта чини 108 долари, додека вчера чинеше 103 долари.
Се очекува нафтата и понатаму да расте поради најновите санкции кон Русија.
Зголемувањето на цените се должи на повисокиот курс на доларот во однос на денарот, но и растот на нафтата на светските берзи. Случувањата во Украина и Русија, предизвикаа курсот на доларот во однос на денарот изминативе 2 месеци да бележи постојан раст, што прави силен притисок врз формирањето на малопродажните цени на нафтените деривати, велат од Регулаторната Комисија.
Тоа за нас значи дека малопродажните цени на горивата и натаму ќе растат.
Во моментов бензините чинат 88,5 односно 90,5 денари по литар а дизелот се точи за 90 денари.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа