Нема договор за организирање свадби

Без успех заврши двочасовната средба меѓу организаторите на свадби и вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, јавува Сител.

Во најскоро време угостителите треба да достават нов предлог на протоколи. Тој предлог ќе го разгледува Комисијата за заразни болести.

-Оставаме простор за уште една средба. Деновиве ќе го доставиме новиот предлог протокол и се надеваме дека комисијата ќе даде зелено светло во најскоро време да почнеме со работа, вели Марија Синадимовска Арсковска сопственик на ресторан за свадби.

Инаку oрганизаторите на свадби бараат да работат како и останатите кафани. Тие од јуни месец се целосно затворени

 

 

 

Добивајте вести на Viber

01.03.2021 - 20:28

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа