Нема да има покачени сметки за комунални услуги за струмичани

Струмица нема да биде како Прилеп и други општини кои за 60 отсто ги покачија сметките за собирање смет. Граѓаните да бидат спокојни, јас, Општина Струмица и општинските јавни претпријатија знаеме како да менаџираме и во услови на криза, рече градоначалникот Костадин Костадинов одговарајќи на советнички прашања на денешната седница на Советот.

Според него, се додека може да се издржи Советот нема да разговара за зголемување на комуналните услуги.

-Ќе бидеме исправени пред дилемата што да правиме, но ќе даваме повеќе работа на „Комуналец“. Тоа што сме распишувале тендери за одредени работи, нема да распишуваме, туку тоа што може комунаналното претпријатие ќе го реализира. Ќе им даваме повеќе работа и на другите јавни претпријатија. Зголемени сметки за струмичани нема да има, потенцираше Костадинов.

Додаде дека сега е време кога Општината мора да застане на страната на граѓаните, иако таа ќе претрпи финансиска штета, но истата нема да ја трпат граѓаните.

28.09.2022 - 15:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега