Некогаш жените воздивнуваа по неговото мускулесто тело, а денес тешко кој би го препознал

Брендан Фрејзер се прослави во текот на 90-те години и тоа во филмовите „George of the Jungle“ и „The Mummy“, а оваа година се врати на големото платно.

Денес 52-годишниот Брендон во 90-те бил познат по мускулестото тело кое му било заштитен знак и ја носел титулата секс-симбол, но потоа одлучил одредено време да се повлече од јавноста, а шокантното објаснување го дал една година подоцна.

Имено, актерот пред неколку години јавно открил дека во 2003 година сексуално го нападнал тогашниот претседател на „Hollywood Foreign Press Association“, Филип Берк и потврдил дека тоа била главната причина поради која одлучил да се повлече.

Но, веста која ги развеселила неговите фанови е тоа што Брендан се враќа на големото платно и тоа во драмата „The Whale“, а некои веќе му предвидуваат номинација за Оскар.

Тој ќе го толкува ликот на мажот Чарли кој тежи речиси 300 килограми, па се обидува да се поврзе со својата 17-годишна ќерка.

Брендон снимил и криминалистичка драма „No Sudden Move“, а се појавил и на нејзината премиера на фестивалот Трибека.

Тогаш покажал дека и натаму се бори со вишокот килограми и дека нема ниту трага од тоа како изгледал во 90-те години. 

27.10.2021 - 17:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега