„Не отворам врата“: Скандал - податоците од пописот прво одат во Бугарија па потоа во Македонија

Националниот Блок „Не отворам врата“ македонскиот народ и државјаните на Република Македонија изразуваат силна шокираност од најновата информација дека бугарска фирма со своја електронска апликација ги попишува нашинците во странство. - се вели во соопштението на иницијативата за бојкот на пописот

„Ова е само по себе скандал бидејќи податоците од пописот првин одат во Софија а потоа во Скопје. Ова е недозволиво и неприфатливо за суверена и самостојна Република Макеоднија а дотолку повеќе што со ова се загрозуваат и безбедносните интереси на државата.

Сега е потребна сплотеност на Македонците во битката против пописот од најмалку две причини: Прво, не смееме да дозволиме фалсификуван попис бидејќи со тоа дефинитивно се руши темелот на македонската држава, и второ, не смееме да дозволиме живото-загрозувачки попис во услови на глобална пандемија во која секојдневно и кај нас во Македонија гледаме заболени и починати.

Затоа Национачниот Блок „Не отворам врата“ ги повикува нашинците во странство да не се попишуваат, а овој скандал е уште една потврда да не се излегува на пописот.

Ако го направиме пописот неуспешен ќе и покажеме на марионетската влада во Скопје што мисли народот за фалсификуваниот и живото-загрозувачки попис со што го отвораме патот попис да направи нова народна власт која реално и вистински, а не лажно и фалсификаторски, ќе го преброи населението.“ - се вели во соопштението

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега