Не е точно дека Брнабиќ не сакала да се фотографира со лидерите во Тирана: Стигна нејзиниот демант
Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во Тирана изјавила дека била присутна на фотографијата на која учесниците на Берлинскиот процес заедно се сликале, иако на прашањето на репортерот N1, таа директно не сакала да покаже каде се наоѓа на фотографијата објавена од Европскиот совет.
„Сакам да демантирам не дезинформации, туку отворената лага дека јас не сум на таа фотографија. Јас сум на фотографијата“, изјави Брнабиќ.
На прашањето на репортерот N1 дали може да се пронајде на фотографијата објавена на веб-страницата на Европскиот совет, таа не одговори директно, туку ја обвини N1 дека сака „да и направи нешто лошо на својата земја“.
„Може ли да не дебатирам со вас? Владата на Република Србија објави фотографија од премиерката, а тоа сум јас. Фактот дека јас сум на фотографијата го потврдува и тоа што никој од Берлинскиот процес не рече дека некој избегнувал да се фотографира. Ти беше единствениот што рече дека избегнувам да ме фотографираат. Претпоставувам затоа што едвај чекавте да ја повредите својата земја и да ширите лажни вести“, изјави Брнабиќ.
Таа додаде дека намерата била „утре некои други странски медиуми да објават дека не сакав да ме фотографираат“.
„Да, јас сум на фотографијата. Излегов подоцна, бев таму и стоев 10 минути. Не знам што сакате да докажете“, повтори Брнабиќ.
Кога репортерката N1 повторно изјави дека ја нема на фотографијата објавена од Европскиот совет, таа рече: „Не знам која е официјалната фотографија. Така, ми рекоа да излезам на фотографирање и јас го направив тоа. Стоев таму, го гледав настапот, бев. Никој нема никаков проблем со тоа освен тебе“.
Да потсетиме, денеска беше објавено дека премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, не се фотографирала заедно со останатите учесници на самитот во Берлинскиот процес во Тирана, како што неофицијално се дознава, поради знамето на Косово.
После тоа, Владата на Србија ја демантираше оваа информација.
„Имено, премиерката Ана Брнабиќ учествуваше на заедничка фотосесија на сите европски и регионални лидери во Тирана. Со ова Србија уште еднаш покажа дека не води политика на изолација, туку дека е фокусирана на соработка и решавање на сите отворени прашања преку дијалог“, се вели во соопштението на Владата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа