Наполнете си шишиња - на овие места во Скопје ќе нема вода

Поради уличен дефект ф-300мм на ул.„2-ра Македонска бригада“ бб (карши Поликлиника Чаир), денеска прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „2-ра Македонска бригада“, „Црвени брегови“, „Никола Петров“, „Груица Војвода“ и „Луба Ивахович“ од 10:15 часот до санирање на дефектот, соопштија од ЈП Водовод и канализација.

Исто така од градски водовод известуваат дека поради уличен дефект на бул.„Видое Смилевски Бато“ 15, денеска со прекинато водоснабдување ќе бидат корисниците на дел од булеварот, односно непарните броеви од број 1 до број 55 (висока зона). Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 11:25 часот до завршување со санација на дефектот. 

20.09.2021 - 11:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега