Напаѓачот од Осло одби да објасни зошто го нападнал геј клубот

 

Осомничениот за масовното пукање во Осло на денот на ЛГБТК парадата на гордоста во која беа убиени две лица, а повеќе од 20 ранети, одби да ги објасни своите постапки пред инспекторите и ќе остане во притвор во следните четири недели, соопштија полицијата и неговиот адвокат.

Осомничениот, кого властите го опишаа како 42-годишен норвешки државјанин со иранско потекло, беше уапсен веднаш по пукањето во саботата, во населба позната по ноќниот живот во Осло, што норвешката служба за безбедност го нарече „исламистички терористички акт “.

Тој е приведен поради сомнение за убиство, обид за убиство и тероризам. Норвешките медиуми го идентификуваа како Занијара Матапура.

 
27.06.2022 - 09:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега