Најчудната свадба во историјата: Младенци на венчавката пристигнале во лонец

Еден индиски пар дошол на сопствената свадба пловејќи во огромен лонец, бидејќи улиците на нивниот град Талавади биле поплавени.

На снимките се гледа како свршениците пловат по поплавените улици, стиснати еден до друг во лонец додека двајца мажи во придружба на фотограф ги влечат по поплавените улици.

Парот наводно позајмил лонец од локалниот храм и изјавил дека тоа било "единствената опција" достапна во краток рок, известила индиската новинска агенција "PTI".

На нив не им пречеле ни поплавите, ни свлечиштата, кои однеле 27 животи во текот на обилните дождови ширум Керала, држава на југот на Индија, бидејќи младенците, инаку здравствени работници, не сакале да го одложат својот голем настан, пренесува "Telegraph".

Акаш и Аишварја пристигнале безбедни и суви, во делумно поплавениот храм во Талавади, каде се одржала традиционална хиндуистичка церемонија.

19.10.2021 - 10:36

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа