На слобода од притвор со гаранција излезе Ристо Новачевски, кумот на Никола Груевски

Со гаранција од над 300 илјади евра Ристо Новачевски си ја „купи“ слободата во истрагата „Плацеви на Водно“ и по не цели 3 месеци излегува од притвор, објави телевизија 24

Двата стана во Скопје, одземениот пасош и обврската да се јавува судот биле доволни за да се обезбеди негово присуство, проценило Обвинителството кое дало позитивно мислење. Новачевски кој на јавноста е познат како кум на Никола Груевски со кој заедно се осомничени за перење пари, излегол од затворот после Нова година, потврдија за ТВ24 и од Кривичен суд и од Обвинителството. 

- По поднесено барање од страна на осомничениот Р.Н и добиено позитивно мислење од јавен обвинител од ОЈО-ГОК, судија на претходна постапка одлучи да биде прифатено барањето и осомниченото лице да излезе од притвор со гаранција. - велат од Кривичен суд.

Истрагата за Плацевите на Водно се ближи кон крајот, брифираат извори од обвинителството. Земјиштето кои Никола Груевски  го меркал и го купил за себе  со 1,3 милиони евра, пари на партијата е под мраз, а според извори на ТВ24во истрагата останал опфатен и друг имот. Ова за првпат го откри државниот обвинител Љубомир Јовески во интервју за Тв24 во октомври.

Според истрагата, Груевски како претседател на ВМРО-ДПМНЕ одвојувал за себе од партиските донации си купил плацеви на Водно. Шемата била направена со оф-шор компании. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

18.01.2021 - 18:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега