На следните два натпревари без Пандев, Адеми и Димитриевски

Пред македонските репрезентативци се два нови дуели од Лигата на нации, мечевите против Естонија и Ерменија на кои нема да настапат Пандев, Адеми и Димитриевски.

Горан Пандев се враќа во Џенова. Таков е договорот меѓу италијанскиот клуб и нашата репрезентација. Тие за мечот со Косово излегоа во пресрет и го пуштија Пандев и кога останатите негови соиграчи од Џенова беа во изолација, а сега тој ќе си замине порано со цел да се подготви за клупските обврски.

Нема да игра ниту Аријан Адеми кој мечот со Грузија го играше со инекции против болка. Сега добива поштеда со цел да ја санира повредата.

Столе Димитриевски е суспендиран за следните два меча откако доби црвен картон на мечот против Грузија во Скопје, па и тој е ослободен од обврските.

На нивно место се повикани тројца младинци, Дарко Чурлинов, Тодор Тодоровски и голманот Ристе Јанков.

Во недела со почеток од 15 часот ја пречекуваме Естонија, додека во среда од 18 часот гостуваме кај Ерменија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.11.2020 - 21:30

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега