МЗ: Бројот на приеми во изминативе денови во ковид – центрите во Скопје се намалува

Вкупната бројка на пациенти со коронавирус кои се лекуваат на инфективните оддели во Скопје и во болниците низ земјава е 806 и има околу 864 празни болнички кревети, соопшти Министерството за здравство.

Во изминатите 24 часа во ковид – центрите во Скопје се хоспитализирани 22 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, а вкупно се лекуваат 340 лица. Во изминатите 24 часа дома се пуштени 67 оздравени пациенти.

„Бројот на приеми во изминативе денови во ковид – центрите во Скопје се намалува и утрово до 8 часот имало 330 слободни места, а се очекува во тек на денот по направените исписи на оздравените пациенти да се ослободат и дополнителни места“, соопшти МЗ.

Од таму велат дека сите инфективни одделенија имаат довод на кислород и можат да згрижат пациенти кои имат потреба од кислородна подршка.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.05.2021 - 11:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега