МЗ: 23-годишното момче кое почина од компликции од ковид, имало и други заболувања

23-годишното момче кое почина од Ковид-19, претходно имало висок крвен притисок, обезност и епилепсија, а од вирусот развило и пневмонија, тврдат во Министерството за здравство.

„Пациентот од Свети Николе на возраст од 23 години е хоспитализиран на Инфективната клиника во Скопје на 19 септември, починал еден ден по прием. Примен е со покачена температура, сатурација од 75% на собен воздух, тахикардичен, тахипноичен, со јазик сув бело обложен и пулмо ослабено везикуларно дишење со наод на крепитации билатерално базално и во средни партии.

Од претходни дијагнози, пациентот имал висок крвен притисок, обезност и епилепсија, со развиена пнеумонија како последица на вирусот. Пациентот е дијагностициран позитивен на 17.09, откако претходно 4 дена бил со висока температура, силна малаксаност, кашлица и тешко дишење, поради што е однесен во болницата во Велес. Таму е дадена терапија, но поради лоша клиничка состојба е итно префрлен на Инфективната клиника во Скопје“, велaт во Министерството за здравство.

Од таму посочуваат дека во тек е процес на подготовка на анализи поврзани со зголемената смртност од Ковид 19 во земјава.

„Анализите е предвидено да ги направат директорите на надлежните институции, за што истите се веќе информирани. Веднаш штом добиеме податоци од направените анализи, истите ќе ви бидат испратени и презентирани во јавноста“, информираат од ресорното министерство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2020 - 18:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега