МВР предупредува: Ова се улиците во Скопје кои ќе бидат затворени за сообраќај денеска

 Министерството за внатрешни работи соопшти дека  денеска поради најавен протест, од 13 часот затворени за сообраќај ќе бидат улиците: „Христијан Тодоровски-Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, булеварите „Крсте Мисирков“ и „ Гоце Делчев“, улиците „11-ти Октомври“  и „Васил Главинов“, булеварите „ВМРО“ и „Илинден“ и други околни сообраќајници. Улиците ќе бидат затворени за сообраќај се до завршување на протестот.

Од МВР информираат дека протестот е најавен за 13 часот, а ќе почне во парк Чаир на булевар „Христијан Тодоровски-Карпош“, а ќе продолжи кон Основен суд Скопје 1, на бул. „Гоце Делчев“, Собранието на ул. „11-ти Октомври“ и Владата на булевар „Илинден“.

СВР Скопје апелира  до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници. 
 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2021 - 08:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега