МВР: Имаше договор за карневалот, полицијата интервенираше зошто не го испочитуваа

Униформирани полициски службеници, но и припадници на специјалните сили интервенираа на вевчанскиот карневал поради групирање и непочитување на мерките за спречување на ширење на коронавирусот.

Од МВР за Сител велат дека полицијата интервенирала поради загрозување на здравјето на граѓаните во услови на глобална пандемија.

 И покрај претходно постигнатиот договор на три одржани состаноци со лицата инволвирани околу одржувањето на оваа манифестација да се почитуваат мерките и да нема групирање, денеска поголема група на граѓани се собра во Вевчани, без почитување на мерките односно со недозволено групирање поради што мораше да интервенира полицијата, информираат од СВР Охрид за Сител.

По документирање на случајот, ќе бидат поднесени и соодветни поднесоци. Од полицијата апелираат до сите граѓани заеднички да придонесат за спречување на коронавирусот односно за зачувување на здравјето како на жителите на Вевчани, така и на сите граѓани.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 17:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега