Муцунски ветува формирање посебна јавна служба за превоз и снабдување со лекарства на повозрасните лица во Аеродром

Формирање на пензионерски клубови, јавна служба за повозрасните лица, редовни термини за здравствени прегледи, посебни паркови за возрасните лице, се дел од приоритетите од програмата на кандидатот за градоначалник на Општина Аеродром, од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцински.

– Нашата програма ќе се грижи за сите граѓани, од една до 101 година. Посебен фокус ставаме на повозрасните лица и пензионерите. Прв приоритет ќе ни биде формирање на пензионерски клубови. Место каде што со институционална и финансиска поддршка од страна на општината повозрасните лица ќе може да се дружат. Планираме формирање на посебна јавна служба наменета за повозрасните лица, со цел да им помогне со превоз и обезбедување на лекарства и сите други средства кои што им се потребни, наведе Муцински.

Тој истакна дека во соработка со здравствените власти ќе обезбедуваат термини за редовни здравствени прегледи коишто им се од големо значење на повозрасните лица.

– Ќе инвестираме во посебна инфраструктура во постоечките, но и во новите паркови наменета посебно за возрасните лица. Повозрасните граѓани го заслужуваат нашето внимание, бидејќи тие се најголема вредност за нашето општество, потенцираше Муцински.

13.10.2021 - 14:00

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега