Муцунски: Нарушен е меѓународниот интегритет на Македонија по аферата „Мафија“

Веројатно и вие и целата македонска публика е шокирана од информациите кои излегуваат како резултат на аферата Мафија. Јас лично сум шокиран од фактот дека огромен број, стотици криминалци со меѓународно досие слободно влегувале во Република Македонија и потоа веројатно излегувале од Република Македонија со македонски патни исправи, рече пратеникот и секретар за меѓународна соработка на ВМРО-ДПМНЕ Тимчо Муцунски во вечерашното гостување во централниот Дневник на ТВ Сител.

-Шокиран сум од фактот дека е откриено дека во последните години токму ова се случувало во нашата држава, дека токму ова се случувало во институциите на системот, во МВР и наместо некој да понесе одговорност, од владата слушаме дека треба да им честитаме што откриле дека неколку години овој срам за државата се случувал. Искрено да ви кажам низ призмата на фактот дека е нарушена меѓународната репутација на државата, најмногу сум шокиран од страна на Владата која што постојано пропагира европски вредности, почесто на хартија отколку во пракса, но проповеда такви европски вредности, што не видовме еден европски морален чин, а тоа е оставка и одговорност од министерот за внатрешни работи во чија што институција се случувал овој срам за државата, вели Муцунски.

Истакна дека откако опозицијата добила кредибилни информации од страна на свиркачи веднаш објавила за овој скандал, укажувајќи дека таа има одговорност пред граѓаните да ги информираат, посочувајќи дека се надева дека правосудните институции ќе бидат на висината на задачата и нема да бидат селкетивни како што беа до сега, и ќе дојдат до вистинските чинители кои што дозволиле стотици криминалци со меѓународно досие да влезат во Македонија.

-Во моментот кога опозицијата доби кредибилни информации дека ова е  вистинито и се потврдија овие информации од страна на свиркачи, ние веднаш го објавивме тоа, притоа на крајот видов и едни апсурдни обвинувања дека опозицијата го саботирала овој процес. Опозицијата има одговорност пред граѓаните кога ќе добие вакви информации за злоупотреба на институциите, а кога е очигледно дека институциите на системот, како што се покажа во аферата Мафија немаат капацитет сами да се справат со сериозните недоследности кои што во овој момент сериозно влијаат негативно и на нашиот безбедносен систем, и на нашиот меѓународен бизнис, веројатно може да трпат штета и граѓаните и бизнисите од одредени причини заради овој скандал. Ние како опозиција ќе стоиме цврсто позади јавното објавување на сите потребни документи и очекувањето дека правосудните институции ќе бидат на висината на задачата и нема да бидат селективни како што беа до сега, и ќе дојдат до вистинските чинители кои што дозволиле стотици криминалци со меѓународно досие да влезат во Македонија, слободно да се движат во нашата држава и потоа да ја напуштат нашата држава со македонска патна исправа, нагласи Муцунски.

Вели оти не верува дека службеници од најниско ниво можат да реализираат вакво нешто како во случајот Афера, додавајќи дека мора да има чин на оставка од страна на сите носители на високи политички функционери во чие време се случувало ова.

-Во таква институција како МВР, земајќи предвид за какви поединци се работело, искрено да ви кажам јас се сомнева дека службеници од најниско  ниво можат да реализираат вакво нешто. Но тоа е мој личен сомнеж затоо очекувам да немаме само селективна истрага, туку да видиме вистинска истрага од ЈО, а истовремено сите носители на високи политички функции во чие што време се случувале овие дејствија поврзани со аферата Мафија, е нормално , европски да преземат еден морален чекор да дадат оставка а потоа да дозволат институциите на системот да истражат дали кај нив имало или немало кривична одговорност, објасни Муцунски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.04.2021 - 20:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега