Младо момче со автомобил удри во велосипедист во Скопје

 

Велосипедист од Скопје се здобил со тешки телесни повреди откако во него удрил автомобил управуван од младо момче.

- На 04.12.2020 во 17:20 часот било пријавено дека во Скопје, на крстосницата од бул.„Христијан Тодоровски Карпош“ и ул.„Рокомија“, патничко возило „фолксваген голф“, со скопски регистарски ознаки, управувано од 19-годишниот А.С. од село Арачиново, скопско,  удрило во велосипед,  управуван од 54-годишниот Ќ.И. од Скопје.  Во незгодата, велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на незгодата од увидна екипа од СВР Скопје, информира МВР.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

05.12.2020 - 12:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа