Мисајловски: Пописот кој Заев сака да го спроведе не смее да се случи

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Алфа рече дека на власта пописот не ѝ е важен како статистичка операција, туку како можност за пазерење во иднина.

-Насилничкото носење на законот за попис уште еднаш говори за злоупотребата на европското знаменце и газењето на европските вредности. Ова што се случува во Собранието е жално и навредувачки за целата нација, бидејќи за вакви прашања треба да се има консензус од сите политички партии, бидејќи пописот е нешто кое што ги засега сите граѓани. Пописот треба да се реализира бидејќи државата навистина долги години немала вакво нешто, но тој не треба да се случи само поради тоа да пројде како момент или пак да се искористи со задни намери како што тоа сега го планира Зоран Заев, туку да даде сериозни и релевантни бројки врз кои ќе може во иднина да се темели градењето и напредокот на општеството, рече Мисајловски.

Вели дека доколку пописот биде нереален тогаш ВМРО-ДПМНЕ нема да ги признае неговите резултати.

- ВМРО-ДПМНЕ исто така ќе го мобилизира членството, но и секој еден граѓанин кој исто размислува како нас. Едноставно на ваквите работи мора да им се застане на патот и да не се дозволи каубојско водење на земјата, рече Мисајловски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.01.2021 - 19:02

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега