Милатовиќ по разговорот со Вучиќ повтори: „Немаме исти ставови за Косово“
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, оствари низа средби со претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. По средбите, претседателите се обратија пред медиумите.
Вучиќ на самиот почеток рече дека е многу задоволен што има можност да биде домаќин на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
„Ние го делиме мислењето дека зајакнувањето на билатералните врски е од огромна взаемна корист. За нас Црна Гора е исклучително важен партнер, поради традиционалната блискост и поврзаност на нашите граѓани“, рече Вучиќ.
„Разговаравме за повеќе прашања“, рече Вучиќ и додаде дека му ветил на Милатовиќ дека Црна Гора ќе добие важна позиција на белградската ЕКСПО.
Вучиќ зборуваше и за изградба на патишта и подобра поврзаност меѓу двете земји.
„Разговаравме за изградба на патишта кои ќе ни овозможат да стигнеме до Црна Гора за четири часа, можеби и помалку. Денеска ги анализиравме техничките несогласувања за што поскоро да ги решиме. Тие сакаат да изградат терминал за течен гас во Бар, а Србија е заинтересирана да учествува и купува гас“, рече Вучиќ и додаде:
„Знам дека има луѓе во Црна Гора кои сакаат да го подигнат стравот од Србија. Се согласуваме за некои прашања, за други не, но имаме цивилизиран однос“.
Како што рече, сака да верува дека е можно да се разговара и постепено да се дојде до подобри односи.
По претседателот на Србија, говореше и претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ.
„Многу е важно од најголемите државни обраќања да се фокусираме на теми кои не зближуваат. Има и такви каде што немаме исти ставови, секако дека и прашањето за Косово е едно од тие. Знаете дека Црна Гора го призна Косово во 2008 година, но мораме да бидеме луѓе и доволно политички писмени за да ја разбереме позицијата на Србија. Она што ми е важно е тензиите на северот на Косово да се стават под контрола и да дојде до деескалација. Сето тоа влијае на сите. Навистина искрено го поддржуваме дијалогот меѓу Белград и Приштина“, рече Милатовиќ и додаде:
„Не ме радуваат тензиите. Вучиќ направи многу да се деескалира ситуацијата, но за танго се потребни двајца“.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа