Милановиќ: ЕУ и НАТО мора да покажат солидарност за Западен Балкан

 

 

Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска во Струга изјави дека НАТО и Европската унија, како меѓународни организации засновани на заеднички вредности, мора да покажат солидарност со регионот на Западен Балкан.

На форумот за дијалог во Преспа тој оцени дека е можен демократски и просперитетен Западен Балкан доколку регионот целосно стане дел од ЕУ.

„Земјите од Западен Балкан останаа неапсорбирани. Тие треба да се апсорбираат во ЕУ. Ова трае предолго, ова е понижувачки долг процес, процес за кој никој што е разумен, никој што има добра намера не може да даде објаснување“, рече Млановиќ, кој своето излагање го започна со латинската поговорка „Картагена мора да се уништи”, повлекувајќи паралела со Западен Балкан.

Црногорскиот претседател Јаков Милатовиќ во своето обраќање рече дека процесот на пристапување во ЕУ, покрај техничката компонента, треба да има и поголем политички фокус, а како пример ја наведе неодамнешната одлука за визна либерализација за Косово.

Тој додаде дека Црна Гора во иднина може да биде успешна приказна за проширувањето на ЕУ и да се покаже како вистински пример, а не само одраз на дебатата, дека иднината на регионот е во ЕУ и дека сегашните околности треба да се искористат, за да се постигне таа цел.

Претседателот на Македонија, Стево Пендаровски, изјави дека војната во Украина го вратила фокусот на геополитиката и дека геополитичкиот начин на размислување станал доминантен во ЕУ во однос на проширувањето.

Претседателот на Албанија, Бајрам Бегај оцени дека конфликтите на Балканот можат да бидат научени лекции и дека регионот има многу да понуди и да им подаде рака на соседите и сојузниците.

16.06.2023 - 23:15

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега