Мијалков под засилен надзор во затворот во Шутка

Од минатиот петок, поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков го издржува 60 дневниот притвор во затворот Скопје во Шутка.

На Мијалков му е изречена првостепена пресуда за аферата „Таргет-Тврдина“ во која тој, за нелегалното прислушкување е осуден на единствена казна затвор од 12 години. 

Како што пишува „Слободен печат“, поради здравствените причини тој е сам во затворската соба, но од затворот информираа дека се преземаат и засилени безбедносни мерки и дека дополнително се прават и чести контроли.

Пред да биде осуден, Мијалков го немаше скоро два дена, а по него беше распишана и меѓународна потерница.

Тој самиот се појави во Обвинителството и изјави дека бил изолиран поради симптоми на Ковид 19.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.02.2021 - 15:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега