Мицотакис за пожарите: Август ќе биде тежок

Премиерот Кирјакос Мицотакис рече дека пожарникарите се борат со околу 50 пожари низ целата земја во последните 24 часа.

Тој предупреди дека може да има нови, бидејќи метеоролозите предупредуваат дека топлината ќе продолжи.

"Сакам да нагласам дека август ќе биде тежок. Метеоролозите предупредуваат дека најверојатно ќе не очекува уште еден топлотен бран до крајот на следната недела. Затоа е важно да бидеме подготвени додека официјално не заврши периодот на гаснење пожари", заклучи Мицотакис.

Огнот предизвика и голем сообраќаен метеж и со часови ги блокира возачите во нивните возила. Главниот автопат што го поврзува Коринт со Патра вчера беше затворен за сообраќај, како и мостот Рио-Антирио, кој ги поврзува Пелопонез и копното Грција.

Грција од петокот се соочува со нов топлотен бран и температури од 42 до 44 степени Целзиусови, соопштија метеоролошките служби. Суви, поради големата топлина, грчките шуми се цел на оган секое лето.

Пред неколку дена, пожар ја зафати планината Пентели, во близина на Атина. Во пожарот во јули 2018 година во крајбрежниот град Мати, во близина на Атина, загинаа 102 луѓе, што е најголем број загинати во пожар во земјата.

Не е познато кога топлината би можела да се намали, а некои метеоролози предвидуваат дека опасните ситуации предизвикани од големата топлина ќе траат најмалку уште две недели.

 

01.08.2021 - 15:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега