Мицкоски: Заев не може да си обезбеди иднина себеси, камоли на Македонија

Зоран Заев не може себеси да си обезбеди иднина, а не па на народот, порача на денешниот протест опозицискиот лидер Христијан Мицкоски. Вели дека тој водел битка за зачувување на фотељата, наместо битка за народот.

-Ова е битка на еден човек наспроти пријателството на два народи. Овде проблемот е Зоран Заев и неговото отсуство на кичма. Заев е подготвен ја плати секоја цена. Ама тоа ако може да го плати со туѓи синови и ќерки и на туѓ грб само за да ја спаси својата кариера. А, таа кариера нему му обезбедува власт и пари, рече Мицкоски.

Вели дека сѐ што кажал Мицкоски во интервјуто за БГНес е откажување од антифашистичките историја на Македонија.

Тој рече дека Заев подготвува национален пораз, а народот треба да се одважи и да се спротивстави.

-Ако во овие часови, денови, не излеземе и не се спротивставиме ќе биде предоцна. Ако сега не излеземе и дадеме отпор подоцна ќе немаме право да велиме „зошто не ги променивме работите?“. Сега може и затоа е потребен секој еден од вас. Сега за да не биде предоцна, рече Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.11.2020 - 13:52

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа