Мицкоски: Од вечерва почнувам со акција на посета на општинските комитети

Вечерва заедно со Бобан Стефковски и потпретседателот Vlado Misajlovski бев во посета на Општинскиот Комитет на ВМРО-ДПМНЕ Гази Баба. Од вечерва почнувам со акција на посета на општинските комитети кои се базата на партијата, точката од која почнува секоја победа на ВМРО-ДПМНЕ. Оваа порака ја испрати првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на социјалната мрежа Фејсбук.
 
„Ќе го чујам гласот на секој еден член и подготвен сум да разговарам на секоја тема, ќе бидам меѓу членството и народот, затоа што тој е нашата главна движечка сила. Нема затворање по канцеларии затоа што ВМРО-ДПМНЕ отсекогаш била народна партија.
Нашите противници дезертираат од војска, дезертираат од решавање на проблемите, единиците на АРМ ги прават партиски штабови, и немаат план за излез од кризата, освен тендери и криминална матрица.
Промените мора да се случат и заедно да се избориме до една голема заедничка победа и за иднина во нашата Македонија“, пишува Мицкоски на ФБ.

27.09.2022 - 22:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа