Мицкоски: Не отстапуваме ни чекор од она што е наше - Скопје протестира и сака слобода која е скапо платена

Чувствувате срам поради изјавите на Заев? Сакате да промените нешто затоа што знаете дека повеќе не оди вака и не сакате да бидете соучесник во газењето по коските и жртвата на Илинденците, Партизаните, хероите? Сега е времето кога треба да се протестира, за утре да не биде предоцна.

 

Ова денеска преку социјалната мрежа Фејсбук го порача опозицискиот лидер, Христијан Мицкоски.

-Македонија се обединува против Заев, против заедничкиот противник, против негаторите на македонската историја, идентитет и јазик. Сѐ повеќе луѓе се охрабруваат да застанат во редот на одбраната на она што е свето и за кое се бореле и гинеле генерации, а кое сега се распродава. Сѐ повеќе граѓани на Република Македонија, кои имаат разлики по многу точки, се обединети во едно – бидејќи знаат дека нема назад од тука. И не отстапуваме ни чекор од она што е наше. Скопје ја сака слободата која е скапо платена и Скопје протестира. Повикувам на сенароден протест утре, со почеток во 12:30 часот кој ќе заврши пред Владата на Македонија. Поради заразата со корона, протестот ќе биде со автомобили и во 12:30 часот ќе се тргне кон Владата од две локации, СЦ “Борис Трајковски” во Општина Карпош и СЦ “Јане Сандански” во Општина Аеродром, вели Мицкоски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.11.2020 - 18:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега