Мицкоски најави големи новитети во ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски пред присутните на Хераклеа во Битола најави големи новитети во партијата кои треба да се случат на 16-ти јуни.

-Што ќе направи ВМРО-ДПМНЕ, како ВМРО ќе се проектира наредниот период, и каква сила ќе бидеме ќе видите многу скоро, почекајте – 16ти јуни е датумот. 16 јуни е вистинската најава за пресврт, за еден голем новитет, во пресрет на одбележувањето на формирањето на нашата партија од Охрид ќе го соопштиме новитетот. На посебен настан. ВМРО-ДПМНЕ е стеблото, ВМРО-ДПМНЕ е покривката која обединува луѓе. ВМРО-ДПМНЕ на вистинските патеки, а запаметете 16 јуни е она што сите го очекуваат. Бидете стрпливи, рече Мицкоски.

12.06.2021 - 20:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа